Muhammed Enes Çallı
15 Декември 2021•Ажурирај: 16 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Аргентинскиот напаѓач на Барселона, Серхио Агуеро, денеска соошти дека се повлекува од фудбалот поради проблеми со срцето, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Одлучив да престанам со професионалното играње фудбал. Ова е многу тежок момент. Одлуката која ја донесов е поради моето здравје“, изјави Агуеро во солзи на прес-конференцијата на „Камп ноу“.
Тој додаде дека направил сѐ што е можно за да има малку надеж, но оваа одлука ја донел пред една недела.
Агуеро (33) беше однесен во болница за кардиолошки тестови откако се пожали на болка во градите за време на натпреварот на шпанската Ла Лига против Алавес на 30 октомври.
Во ноември, Барселона соопшти дека Агуеро ќе биде недостапен најмалку три месеци по тестирањата.
Објавено е дека Агуеро има срцева аритмија.