Hüseyin Burak Demirer
02 Јуни 2021•Ажурирај: 03 Јуни 2021
АНКАРА
Со победата над Бостон Селтикс со 123:109 во плејофот на Американската кошаркарска лига (НБА), Бруклин Нетс со серија од 4-1 во победи во меѓусебните дуели, се пласира во полуфиналето на Источната конференција, известува Агенција Анадолија (АА).
Плејофот во НБА-лигата синоќа продолжи со три натпревари. Нетс ги совлада Селтикси на домашен терен и се пласира во полуфиналето на Источната конференција, каде ќе се соочи со Милвоки Бакс, кој претходно со 4-0 во победи го совлада Мајами Хит.
Најзаслужни за победата на Нетс беа Џејмс Харден со трипл-дабл учинок од 34 поени, 10 скока, 10 асистенции, Кевин Дурант со 24 поени, 4 скока, 3 асистенции и Кари Ирвинг со 25 поени, 3 скока, 3 асистенции.
Кај Селтикс најдобра игра прикажаа Џејсон Татум со 32 поени, 9 скока, 5 асистенции, Еван Фурније со 18 поени, 6 скока и Ромео Лангфорд со 17 поени.
- Нагетс победи и покрај 55-те поени на Лилард
Денвер Нагетс го победи Портланд Трејл Блејзерс со 147:140 по две продолженија во четвртфиналето на Западната конференција и поведе со 3-2 во серијата од 4 победи.
Ол-стар ѕвездата на Треил Блејзерс, плејмекерот Демијан Лилард, успеа да го изедначи резултатот и му овозможи две продолженија на својот тим, и двете со тројки на 3,7 секунди пред крајот на регуларниот тек на натпреварот и на 6,6 секунди пред крајот на првото продолжение.
Лилард, и покрај поразот на неговиот тим, беше најдобар поединец на теренот постигнувајќи 12 од 17 обиди за 3 поени, и натпреварот го заврши со дабл-дабл од 55 поени, 10 асистенции, 6 скока и 3 блокади.
Ова е највисок број на поени што Лилард успеал да ги постигне на еден плејоф-натпревар во својата кариера, а со постигнатите 12 тројки, тој го урна рекордот на НБА кој досега беше во сопственост на Клеј Томсон. Покрај тоа, Лилард стана првиот кошаркар кој во еден плејоф-натпревар постигнал 55 поени, 10 асистенции.
Кај победничкиот тим на Нагетс, Никола Јокиќ постигна дабл-дабл од 38 поени, 11 скока, 9 асистенции, 4 блокади, Монте Морис постигна 28 поени, 5 асистенции, а Мајкл Портер оствари дабл-дабл од 26 поени, 12 скока.
- Актуелниот шампион Лејкер пред елиминација
Лос Анџелес Лејкерс кој на гостинскиот теренот на Феникс Санс излезе без Ентони Дејвис кој има повреда на препоната, претрпе висок пораз од 115:85. Со оваа победа Санс поведе со 3-2 во серијата од 4 победи против Лејкерс.
Кај Санс најпрецизни беа Девин Букер со 30 поени, 7 скока, 5 асистенции и Камерон Пејн со 16 поени, 4 скока.
Кај Лејкерс Леброн Џејмс постигна 24 поени, 7 асистенции, 5 скока, Кајл Кузма постигна 15 поени, 1 асистенција, но тоа не беше доволно актуелниот шампион на НБА да го избегне поразот од Санс.