спорт

НБА: Бостон на гости ја совлада Филаделфија

На средбата меѓу фаворитите од Источната конференција во НБА, тимот на Бостон Селтикс против Филаделфија Севентисиксерс настапи без плејмејкерот Ирвин, кој ќе игра на Ол-стар натпреварот во Шарлот

Hüseyin Burak Demirer  | 13.02.2019 - Обновена : 13.02.2019
НБА: Бостон на гости ја совлада Филаделфија

Ankara

АНКАРА (АА) - Во американската национална кошаркарска лига НБА, тимот на Бостон Селтикс како гостин ја совлада екипата на Филаделфија Севентисиксерс со резултат 109:112, пишува Anadolu Agency (AA).

Синоќа се одиграа 5 средби во НБА. Натпревар одиграа Бостон Селтикс и Филаделфија Севентисиксерс, две екипи фаворити во Источната конференција. Селтикс како гости успеаја да ги совладаат Севентисиксерси со резултат 109:112.

Селтикс, иако ослабени поради неиграњето на плејмејкерот Кари Ирвинг, кој ќе настапи на Ол-стар натпреварот закажан викендов, имаше тројца играчи кои против Севентисиксерс постигнаа 20 и повеќе поени. Гордон Хејвард постигна 26 поени, Ал Хорфорд 23 поени, 8 скока, 5 асистенции, 4 украдени топки, а Џејсон Тејтум имаше дабл-дабл од 20 поени и 10 скока.

Во тимот на Севентисиксерс најпрецизни беа Џоел Ембид со дабл-дабл од 23 поени, 14 скока и Џими Батлер со 22 поени и 9 скока, но не успеаја да го спречат поразот на домашен терен.

- Резултати

Атланта Хоукс - Лос Анџелес Лејкерс 117 : 113

Филаделфија Севентисиксерс - Бостон Селтикс 109 : 112

Мемфис Гризлис - Сан Антонио Спарс 107 : 108

Њу Орлеанс Пеликанс - Орландо Меџик 88 : 118

Голден Стејт Вориорс - Јута Џез 115 : 108

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.