АНКАРА
Во натпревар на американската Национална кошаркарска лига (НБА), младиот играч на Мемфис Гризлис, Џа Морант, прикажа одлична игра против Сан Антонио Спарс, постигнувајќи 44 поени, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од 131:119, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 12 натпревари во НБА. Натпреварот Хјустон Рокетс - Оклахома е откажан бидејќи екипата на Хјустон поради случаи на Ковид-19 и повредени не успеа да обезбеди 8 играчи.
Седум играчи со двоцифрен број на постигнати поени го дадоа својот придонес во победата на Сан Антонио Спарс од 131:119.
Најдобри поединци во редовите на Спарс беа Демар Дерозан со 28 поени, 9 скока, 9 асистенции, Дежонте Мари со 21 поен, 9 асистенции, 6 скока и Ламаркус Олдриџ со 20 поени, 3 скока, 1 асистенција.
Џа Морант од Гризлис кој минатата година беше прогласен за дебитант на годината, на овој натпревар постигна 44 поени, 9 асистенции, 2 скока.
Морант на возраст од 21 година и 135 дена стана најмладиот играч во НБА кој во првиот натпревар од сезоната ја надминал границата од 40 поени. Претходно сопственик на оваа титула беше Шекил О’Нил кој тоа го постигна во 1993 година на возраст од 21 година и 244 дена.
- Антетокумпо не уфрли слободно фрлање за продолжение на средбата
Милвики Бакс и Бостон Селтикс одиграа натпревар полн со престври, во кој на крајот славеше Бостон Селтик. На 0,4 секунди пред крајот на натпреварот, при резултат 122: 120 за Бостон Селтикс, беше направен прекршок над Јанис Антетокумпо, НБА ѕвездата во редовите на Бакс. Тоа беше шанса да се игра продолжение, но Антетокумпо по уфрлувањето на првото слободно фрлање, во вториот обид упати кус удар кој се одби од обрачот за конечни 122:121 и победа на Селтикс.
Најпрецизни во редовите на Селтиск беа Џејсон Татум со 30 поени, 7 скока, 2 асистенции и Џејлен Браун со 33 поени,5 скока, 4 асистенции.
Во Бакс дабл-дабл постигнаа Јанис Антетокунпо со 35 поени, 13 скока, 2 асисенции и Крис Мидлтон со 27, поени, 14 скока, 8 асистенции.
- Џеди Осман со 11 поени против Хорнетс
Кливленд Кавалирс со резултат 121:114 ја совлада гостинската екипа на Шарлот Хорнетс. Во текот на играта, поради повреда, натпреварот беше принуден да го напушти пивотот на Хорнетс, Коди Зелер. По натпреварот беше соопштено дека Зелер има скршеница на левата рака.
Најпрецизни во редовите на Кавалирс беа Колин Секстон со 27 поени, 5 асистенции, Дариус Гарланд со 22 поени, 6 скока, 6 асистенции. На овој натпревар дабл-дабл постигна Андре Драмонд со 14 поени, 14 скока, 4 асистенции, а охриѓанецот Џеди Осман кој игра за турската кошаркарска репрезентација постигна 11 поени, 4 скока и 2 асистенции.
Во редовите на Хорнетс најпрецизен беше Тери Розие со постигнати 42 поени, што е негов личен рекорд. Гордон Хејвард постигна 28 поени.
- Резултати
Индијана Пејсерс - Њујорк Никс 121:107
Орландо Меџик - Мајами Хит 113:107
Кливленд Кавалирс - Шарлот Хорнетс 121:114
Филаделфија Севентисиксерс - Вашингтон Визардс 113:107
Торонто Репторс - Њу Орлеанс Пеликанс 99:113
Бостон Селтикс - Милвоки Бакс 122:121
Минесота Тимберволвс - Детроит Пистонс 111: 101
Мемфис Гризлис - Сан Антонио Спарс 119:131
Чикаго Булс - Атланта Хоукс 104:124
Денвер Нагетс - Сакраменто Кингс 122:124 (во продолжение)
Портланд Треил Блејзерс - Јута Џез 100:120
Феникс Санс - Далас Маверикс 106:102