Dilara Hamit
09 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Рафаел Надал (33) победи во финалето на УС Опен, освојувајќи ја својата 19. Грен-слем титула, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шпанскиот тенисер водеше против Русинот Данил Медведев во пет сета (7:5, 6:3, 5:7, 4:6, 6:4), во мечот кој траеше четири часа и 51 минута.
Надал на стадионот „Артур Аше“ во Њујорк ја освои својата четврта титула на УС Опен и својата 19. Грен слем титула во кариерата.
Медведев (23) за првпат во својата кариера игра во финалето на Грен-слемот.
УС Опен играше за награден фонд од 57.238.700 долари. На победникот, освен сребрениот трофеј, му беше врачен и чек со рекордна сума од 3.850.000 долари.