Nuri Aydın
16 Февруари 2021•Ажурирај: 23 Февруари 2021
ВИЛМИНГТОН (АА) - Американскиот кошаркар Мајкл Џордан донираше 10 милиони долари за отворање на две клиники во американската сојузна држава Северна Каролина, каде што го поминал своето детство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните здравствени власти соопштија дека клиниките ќе бидат отворени во Њу Хановер, во Вилмингтон.
Ова е досега најголемата донација на славниот кошаркар. Се планира клиниките да започнат да работат во 2022 година.
Наведувајќи дека е среќен што го поддржува Вилмингтон, каде што пораснал, Џордан рече:
„Вилмингтон има посебно место во моето срце и навистина се радувам што можам да му вратам на општеството што ме поддржуваше во текот на мојот живот.“
Се наведува дека најмалку 4.500 лица без здравствено осигурување бесплатно ги користат здравствени услуги во две болници отворени во 2019 година со донација од Џордан во износ од 7 милиони долари.