Husamedin Gina
14 Ноември 2019•Ажурирај: 14 Ноември 2019
СКОПЈЕ (АА) – „Северна Македонија наскоро ќе пристапи во НАТО", истакна амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Кејт Бернс, јавува Агенција Анадолија.
Амбасадорката Бернс го истакна ова за време на денешниот настан во Центарот за обука во Идризово, на организиран настан на кој официјално на заменик-министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Агим Нухиу, му беше предадена на користење американската донација во материјално-техничка опрема наменета за повеќе организациски единици на Министерството.
„Ова е многу важно затоа што Северна Македонија наскоро ќе пристапи во НАТО. Партнерството ќе ни оди еден чекор понатаму затоа што ќе бидеме дел од истата Алијанса. Во текот на претходната година АТА Програмата донираше повеќе од 2 милиони долари за подобра детекција и спречување на криминални терористички активности“, нагласи амбасадорката на САД, Бернс.
Таа рече дека денешната донација е уште еден чекор кон зајакнување на соработката во борбата против тероризмот и спречувањето на ширењето на насилниот екстремизам кој е присутен во последните неколку децении.