Doğa Kırmızıoğlu
04 Август 2023•Ажурирај: 09 Август 2023
ЊУЈОРК (АА) - Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан ќе продаде најголем дел од своите акции во Шарлот Хорнетс, клуб во американската кошаркарска лига (НБА), пренесува Анадолу.
Во соопштението на Шарлот Хорнетс се наведува дека е постигнат договор за продажба на акции меѓу Џордан, најголемиот акционер во клубот, и американските бизнисмени Гејб Плоткин и Рик Шнал.
По овој договор, Џордан ќе остане помал акционер во Шарлот Хорнетс.
Како што наведуваат американските медиуми, Џордан, кој во 2010 година го купи најголемиот дел од акциите на клубот за 275 милиони долари, од продажбата на акциите сега ќе заработи околу три милијарди долари.