спорт

Манчестер јунајтед: „Талентираниот Гринвуд го продолжи договорот до 2023“

Гринвуд, кој ја мина академијата на Јунајтед, во мај годинава дебитираше во Премиер лигата против Кардиф

Dejan Maksimoviç  | 19.10.2019 - Обновена : 21.10.2019
Манчестер јунајтед: „Талентираниот Гринвуд го продолжи договорот до 2023“

МАНЧЕСТЕР (АА) - Талентираниот 18-годишен фудбалер Мејсон Гринвуд потпиша нов договор со Манчестер јунајтед со кој овој фудбалер ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2023 година, пренесува Anadolu Agency (AA).

Гринвуд, кој ја мина академијата на Јунајтед, во мај годинава дебитираше во англиската Премиер лига против Кардиф. Нешто подоцна во август, иако има само 18 години, настапи и за У21 репрезентацијата на Англија.

„Израснав како навивач на Манчестер јунајтед и да се игра за првиот тим претставува остварување на моите соништа. Знам дека кога играм за овој клуб ја претставувам целата академија и со моите настапи на теренот сакам да им се оддолжам на моите тренери за покажаната доверба кон мене. Се трудам да учам од менаџерот и неговиот стручен штаб. Знам дека ова е совршен клуб кој ќе ми помогне да го развијам својот талент“, рече Гринвуд за официјалната интернет-страница на клубот.

Гринвуд е еден од 12-те ученици на академијата на Јунајтед кои оваа сезона менаџерот Оле Гунар Солскјер одлучи да ги вметне во првиот тим. Првиот професионален договор со „црвените ѓаволи“ го потпиша во октомври 2018 година. Досега одигра 13 натпревари во сите натпреварувања и постигна 2 погодоци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.