Berad Büyük
18 Октомври 2019•Ажурирај: 19 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Шпанската фудбалска федерација објави дека средбата меѓу Барселона и Реал Мадрид закажана за 26 октомври е одложена. Двата клуба до 21 октомври треба да го утврдат новиот датум за дуелот „Ел класико“, јавува Anadolu Agency (AA).
Минатиот понеделник по досудената затворска казна за деветмина каталонски сепаратистички политичари, во Каталонија започнаа протести кои подоцна прераснаа во насилни акти.
Од почетокот на протестите повредени се најмалку 250 лица, меѓу кои има и полицајци.
Раководството на шпанската фудбалска лига Ла лига, дербито „Ел класико“ кое требаше да се одигра на стадионот „Ноу камп“ во Барселона на 26 октомври, поради можноста да се доживее безбедносен проблем, побара средбата да се одигра во Мадрид.