Ali Rıza Akkır
18 Октомври 2019•Ажурирај: 19 Октомври 2019
МУГЛА (АА) - Во подрачјето на Фетије во турската област Мугла, се одржува 20. издание на Меѓународниот фестивал на аеронаутички спортови во Олудениз, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот започна на 15 октомври, а ќе трае до недела, односно до 20 октомври.
На овој фестивал учествуваат 1.200 спортисти од 70 земји во светот, кои се натпреваруваат во „беизџампинг“, падобранство и „вингсуит“ и други аеронаутички спортови.
Исто така, во овие рамки пилотите на турската Асоцијација за аеронаутика летаа параглајдер со мотор.
Бројни посетители со голема заинтересираност ги следат активностите на овој фестивал.