Abdulkadir Karakaya
05 Декември 2018•Ажурирај: 06 Декември 2018
ЛОНДОН (АА) - Во 15. коло на англиската Премиер лига, Манчестер Сити на гостински терен го совлада својот противник Вотфорд со резултат 2:1, пренесува Anadolu Agency (AA).
Натпреварот се одигра на стадионот „Викариџ роуд“.
Првото полувреме од натпреварот заврши со водство на Манчестер Сити, со погодокот на Лирој Сане во 40. минута.
Само 6 минути по започнувањето на второто полувреме, односно во 51. минута, Ријад Марез од Манчестер Сити успеа да ја затресе мрежата на противникот.
Домаќинската екипа Вотфорд со голот на Абдулај Дукуре успеа да ја намали разликата на еден, но тоа не беше доволно за да не биде поразена.
Мечот заврши со победа на Манчестер Сити против Вотфорд со резултат 2:1.
Манчестер Сити со 41 бод се наоѓа на врвот на табелата, додека Вотфорд е на 10. позиција и има 21 бод.