спорт

Лукаку во дебито за Интер постигна 4 гола

Дваесетгодишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед е платен околу 80 милиони евра, а со „нероазурите“ потпиша петгодишен договор

Dejan Maksimoviç  | 11.08.2019 - Обновена : 12.08.2019
Лукаку во дебито за Интер постигна 4 гола

МИЛАНО (АА) - Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку во дебито за новиот клуб Интер постигна 4 гола во триумфот од 8:0 во пријателскиот натпревар против Виртус Бергамо, пренесува Anadolu Agency (AA).

Лукаку во четвртокот го заврши долгоочекуваното преминување од Манчестер Јунајтед во Интер, а веќе денеска покажа дека би можел да биде големо засилување за италијанскиот клуб. Напаѓачот доби дрес со број 9.

Дваесетгодишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед е платен околу 80 милиони евра, а со „нероазурите“ потпиша петгодишен договор. Во текот на кариерата играше уште и за Анферлехт, Челси, Вест Бромвич Албион и Евертон. За репрезентацијата на Белгија одигра 81 натпревар и постигна 48 гола.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın