Berad Büyük
11 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Водечките фудбалски клубови во Европа преку своите социјални мрежи упатија пораки за честит Курбан бајрам, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шпанскиот фудбалски клуб Барселона преку својата социјална мрежа на турски јазик напиша: „Барселона го честита Курбан бајрам на Турција и на сите муслимани.“
И италијанскиот Јувентус, во кој настапува турскиот репрезентативец Мерих Демирал, на својата социјална мрежа на англиски јазик напиша: „На сите наши поддржувачи во светот им го честитаме Бајрам.“
По повод Курбан бајрам, преку своите социјални мрежи честитки упатија и фудбалските клубови, англиските Манчестер Сити, Челси, Ливерпул, Арсенал, францускиот Парис Сен Жермен, германскиот Борусија Дортмунд, екипата на Селтик од Шкотска и многу други клубови.