Berad Büyük
11 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Италијанецот Андреа Довизиосо (Mission Winnow Ducati) е победник на Големата награда на Австрија, 11. трка оваа сезона на Светското првенство во МотоГП, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трката се возеше на пистата Ред Бул во Шпилберг, а Довизиосо, благодарејќи на времето од 39,34.771, дојде до втората победа оваа сезона.
Шпанецот Марк Маркез (Repsol Honda), кој почна од пол-позиција, зад победникот доцнеше 0,213 секунди, додека трет беше Французинот Фабио Квартараро (Petronas Yamaha), кој зад Довизиосо доцнеше 6,117 секунди.
Дванаесеттата трка во сезоната, Гранд при на Велика Британија, ќе се вози на 25 август.
Пласман на пилотите по денешната трка:
1. Марк Маркез (Шпанија): 230 бода;
2. Андреа Довизиосо (Италија): 172 бода;
3. Данило Петручи (Италија): 136 бода;
4. Алекс Ринс (Шпанија): 124 бода;
5. Валентино Роси (Италија): 103 бода.