спорт

Интер и Манчестер Јунајтед постигнаа договор за Лукаку

Лукаку утрово околу 2:00 часот пристигна во Милано, а на аеродромот „Малпенса“ го пречекаа околу 500 најверни фанови на Интер

Dejan Maksimoviç  | 08.08.2019 - Обновена : 10.08.2019
Интер и Манчестер Јунајтед постигнаа договор за Лукаку

МАНЧЕСТЕР

Британските и италијанските медиуми информираа дека Манчестер Јунајтед и Интер постигнале договор околу преминувањето на Ромелу Лукаку во Милано. Деталите околу трансферот не се познати, но според медиумите, Јунајтед ќе добие 65 милиони евра, а конечната вредност на обештетувањето со исполнување на одредени бонуси би можело да порасне и до 80 милиони, пренесува Anadolu Agency (AA).

Лукаку утрово околу 2:00 часот пристигна во Милано, а на аеродромот „Малпенса“ го пречекаа околу 500 најверни фанови на Интер. Белгискиот напаѓач во текот на денот би требало да изврши лекарски прегледи и потоа да потпише петгодишен договор, според кој по сезона ќе заработува 7,5 милиони евра.

Извонредниот 26-годишен напаѓач на „Олд Трафорд“ пристигна во 2017 година од Евертон за 75 милиони фунти (околу 81 милион евра). За „црвените ѓаволи“ одигра 96 натпревари и постигна 42 погодоци. Претходно настапи и за Андерлехт, Челзи и Вест Бромвич Албион. Во дресот на белгиската репрезентација одигра 81 натпревар, постигнувајќи 48 погодоци.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.