спорт

Лукаку влезе во историјата на репрезентацијата на Белгија

Колкав голем подвиг направи Лукаку најдобро покажува податокот дека на вечната листа на најдобри стрелци го следат три играчи со по 30 гола

11.10.2019 - Обновена : 14.10.2019
Лукаку влезе во историјата на репрезентацијата на Белгија

БРИСЕЛ (АА) - Ромело Лукаку, напаѓачот на милански Интер, влезе во историјата на репрезентацијата на Белгија како прв фудбалер кој постигнал над 50 гола, пренесува Anadolu Agency (AA).

Лукаку одамна стана најдобар стрелец на Белгија на сите времиња, но синоќа во дуелот од квалификациите за ЕУРО 2020 отиде и чекор понатаму. Во триумфот со резултат 9:0 постигна два гола и стигна до вкупна бројка од 51 погодок. Со победата против послабиот Сан Марино, „црвените ѓаволи“ синоќа станаа првата репрезентација која обезбеди пласман на Европското првенство.

Колкав голем подвиг направи Лукаку најдобро покажува податокот дека на вечната листа на најдобри стрелци го следат три играчи со по 30 гола. Тоа се Бернар Ворхоф, Пол ван Химст и единствениот активен фудбалер Еден Азар.

Лукаку постигна 51 гол во 83 одиграни натпревари во дресот со државниот грб.

Дваесет и шестгодишниот напаѓач кариерата ја започна во Андерлехт, а потоа играше за Челси, Вест Бромвич Албион, Евертон, Манчестер Јунајтед и сега во Интер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın