AP
20 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
НИОН (АА) - Поразениот финалист од Лигата на шампионите, Јувентус е на врвот од листата на заработка во сезоната 2016/2017, со приход од 110,4 милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Интересно, на второто место, пред сегашниот европски шампион Реал Мадрид, е Лестер Сити, бидејќи англискиот шампион доби поголем дел од парите од ТВ-правата.
Имено, британските и италијанските телевизиски права чинеа повеќе од шпанските.
Така, Лестер, кој натпреварувањето го заврши во четвртфиналето, заработи вкупно 81,7 милиони евра, а Реал Мадрид 81 милион евра.
Од 32-та клуба што ја одиграа групната фаза од Лигата на шампионите минатата сезона, најмалку заработи швајцарски Базел, кој доби 16,3 милиони евра од УЕФА. Вкупната награда на УЕФА за последната сезона во Лигата на шампионите изнесува 1,4 милијарди евра.
Манчестер јунајтед, победник во Лигата на Европа, е на врвот според заработката на тој натпревар од 44,5 милиони евра, што е двапати повеќе од кој било друг клуб. Вкупниот паричен фонд на УЕФА за Лигата на Европа изнесуваше 423 милиони евра.