Dejan Maksimoviç
21 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
ЛОНДОН (АА) - Макс Верстапен потпиша продолжување на договорот со Ред Бул, според кој во британскиот тим ќе остане до 2020 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Младиот 20-годишен Холанѓанец стана многу баран возач во Формула 1 откако со минатогодишниот триумф во трката за Големата награда на Шпанија стана најмладиот победник на трката во историјата на „најбрзиот циркус на светот".
Синот на поранешниот возач Џос беше поврзуван со трансфер во Мерцедес или Ферари, но Ред Бул беше решен да го задржи талентираниот пилот во својот тим. Многумина Верстапен го гледаат како иден светски шампион во Формула 1.
„Тие секогаш ме поддржуваа мене и моите амбиции. Знам дека ги делиме истите амбиции. Јас сум многу среќен што и понатаму ќе бидам дел од тимот на Ред Бул и со нетрпение очекуваме да работиме заедно за да уживате во уште поголем успех во годините што доаѓаат", изјави Верстапен.
Тој дебитираше во Формула 1 во 2015 година во Торо Рос, тим кој исто така е во сопственост на Ред Бул. Досега, во Формула 1 тој освои две победи и десет пати беше на победничкиот подиум.