Dejan Maksimoviç
10 Мај 2019•Ажурирај: 11 Мај 2019
ЛОНДОН (АА) - Фудбалските клубови Арсенал и Челзи, финалистите на Лигата на Европа, добија по 6.000 влезници за натпреварот во кој ќе се борат за пехар, а кој ќе се игра на 29 мај на Олимпискиот стадион во Баку, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Арсенал поради тој факт изразија незадоволство, нарекувајќи ја распределбата на влезниците разочарувачка, што, како што наведоа, ќе им претставува екстремна потешкотија.
„Ќе има илјадници наши навивачи кои го поддржуваат клубот со години и кои нè следеа на нашето патување низ Лигата на Европа, коишто нема да може да присуствуваат на финалето“, соопштија од Арсенал.
Од лондонскиот клуб истакнаа дека цените на влезниците за финалето на Лигата на Европа ќе чинат во распон од 30 до 140 евра, но дека најголем број од картите ќе бидат по цена од 50 европски банкноти. Капацитетот на стадионот во Баку е 68.700 места.
Европската фудбалска федерација (УЕФА) за финалето на Лигата на шампиони на навивачите од Ливерпул и Тотенхем им одобри по 16.613 влезници, а средбата ќе се игра на мадридскиот стадион „Ванда метрополитано“, кој е со капацитет од 68.000 места.