Mutlu Demirtaştan
28 Октомври 2018•Ажурирај: 29 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Ѕвездата на НБА, Леброн Џејмс од кошаркаркиот тим на Лос Анџелес Лејкерс, со постигнатите поени на натпреварот против Сан Антониот Спарс се искачи на 6. позиција на листата на играчи со најголем број постигнати поени во историјата на НБА, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 9 натпревари во НБА лигата. На натпреварот во кој Лос Анџелес Лејкер загуби од Сан Антонио Спарс со резултат 110 : 106, Леброн постигна дабл-дабл од 35 поени, 11 скока, 4 асистениции и 2 украдени топки. По овој натпревар, Леброн стигна до бројката од 31.202 поени и се позиционираше на 6. место на листата на играчи со постигнати најголем број поени во историјата на НБА, преминувајќи го германскиот интернационалец Дирк Новицки (31.187). Пред Џејмс, кој е активен играч во НБА, се наоѓа НБА легендата Вилт Чејмберлен со постигнати 31.419 поени.
Градител на победата во редовите на Спарс беше Демар Дерозан со дабл-дабл учинок од 30 поени, 12 скока, 8 асистенции, 2 украдени топки и една блокада.
Бакс има серија 6 од 6
Тимот на Милвоки Бакс, во кој игра и турскиот интернационалец Ерсан Илјасова, на домашен терен го совлада тимот на Орландо Меџик, со резултат 113 : 91, остварувајќи серија 6 од 6.
Значајна улога во победата на Бакс, кој е лидер во Источната конференција, имаше Јанис Адетокунбо со постигнати 21 поен и 7 скока. Покрај него се истакнаа Крис Мидлтон со 18 поени, Малколм Брогдон со 16, додека Илјасова за 25 минути игра постигна 2 поена, 10 скока и 6 асистенции.
Никола Вучевиќ со 16 поени и Ди Џеј Огастин со 11 поени не успеаја да го спречат поразот на Меџик.
Охриѓанецот Џеди Осман со 10 поени за Кавалирс
Кливленд Кавалирс во кој игра турскиот интернационалец кој родум е од Охрид, на домашен терен загуби од Индијана Пејсерс со 119 : 107.
Ова е 6. пораз на Кавалирс оваа сезона. Осман, минувајќи 31 минута на паркетот, постигна 10 поени, 4 скока и 3 асистенции. Најпрецизни во редовите на Кавалирс беа Родни Худ со 17 и Лери Ненси Џуниор со 15 поени.
Во редовите на Пејсерс се истакнаа Бојан Богдановиќ со 25 и Виктор Оладипо со 24 поени.
Резултати
Детроид Пистонс - Бостон Селтикс 89 : 109
Њу Орлеанс Пеликанс - Јута Џез 111 : 132
Атланта Хокс - Чикаго Булс 85 : 97
Кливленд Кавалирс - Индијана Пејсерс 107 : 119
Филаделфија Севентисиксерс - Шарлот Хорнетс 105 : 103
Мемфис Гризлис - Феникс Санс 117 : 96
Мајами Хит - Портланд Трејлблејзерс 120 : 111
Милвоки Бакс - Орландо Меџик 113 : 91
Сан Антонио Спарс - Лос Анџелес Лејкерс 110 : 106