Alma Dekovic
01 Јули 2023•Ажурирај: 04 Јули 2023
ДАЛАС (АА) - Кајри Ирвинг, една од најголемите ѕвезди на НБА-лигата, останува во тимот на Далас Маверикс откако потпиша тригодишен договор со овој клуб, пренесува Анадолу.
Како што јавуваат американските медиуми, Ирвин и Далас Маверикс потпишаа тригодишен договор вреден 126 милиони долари.
Далас е четврти клуб на Ирвинг во НБА. Претходно тој играше за Кливленд Кавалирс од 2011 до 2017, потоа настапуваше за Бостон Селтикс од 2017 до 2019, а од 2019 до 2023 играше за Бруклин Нетс.
Ирвин беше шампион на НБА со тимот на Кливленд Кавалирс во 2016 година, а 8 пати е избран во олстар тимот на НБА. Тој беше светски шампион со тимот на САД во 2014 година и победник на олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година со репрезентацијата на САД.
Во тимот на Далас настапи на 20 натпревари, постигнувајќи во просек 27 поени по натпревар, 5 скока и 6 асистенции.