спорт

Ибрахимовиќ: „Да играв од почетокот на сезоната, ќе го освоевме шампионатот“

„Да играв од почетокот на сезоната, ќе можевме да ја освоиме титулата. Јас сум претседател, технички директор и играч, но мене ми даваат плата само како фудбалер“, изјави Ибрахимовиќ

Yunus Kaymaz  | 08.07.2020 - Обновена : 10.07.2020
Ибрахимовиќ: „Да играв од почетокот на сезоната, ќе го освоевме шампионатот“

ИСТАНБУЛ

Златан Ибрахимовиќ кој игра за Милан, член на италијанската Прва фудбалска лига „Серија А“, изјави дека доколку сезоната ја започнал уште од самиот почеток, Милан би ја освоил титулата, јавува Агенција Анадолија (АА).

По победата на Милан на домашен терен од 4:2 на натпреварот во кој лидерот Јувентус имаше водство од 0:2, повторно амбициозна изјава даде шведската фудбалска ѕвезда Ибрахимовиќ кој во зимскиот преоден рок премина во редовите на црвено-црните.

Ибрахимовиќ (38) изјави: „Да играв од почетокот на сезоната ќе можевме да ја освоиме титулата. Јас сум претседател, технички директор и играч, но мене ми даваат плата само како фудбалер.“

Во последните 2 натпревари Милан успеа да ги победи двете првопласирани екипи во италијанската Серија А. Во претходното коло Милан на гостински терен го совлада Лацио со 0:3, а во последното коло Јувентус со 4:2.

Шведскиот фудбалер кој ги започна и двата натпревари меѓу првите 11-мина, постигна по еден погодок, давајќи придонес во победите на својот тим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.