Bakir Tiro
25 Април 2018•Ажурирај: 25 Април 2018
ЛОНДОН (АА) - Мохамед Салах брилираше на синоќешната прва средба од полуфиналето на Лигата на шампиони во која Ливерпул ја совлада Рома со резултат 5 : 2, и се најде во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност, јавува Anadolu Agency (AA).
Салах постигна два погодоци и на двапати асистираше, со што е најзаслужен што „црвените“ се пред пласман во финалето на најсилното фудбалско клупско натпреварувње на Европа.
„Тешко е Мохамед Салах да се споредува со Лионел Меси и Кристијано Роналдо, бидејќи тие двајцата се одлични со години. Сепак, тој е во одлична форма и без сомнение, во моментов е најдобриот фудбалер на планетата“, рече Стивен Жерард, поранешен капитен на Ливерпул.
Салах во 47 натпревари за Ливерпул постигна 43 натпревари и имаше 15 асистенции, што е најдобар резултат на еден играч на Ливерпул досега. Оваа сезона во Лигата на шампиони, тој на 10 пати ја затресе мрежата на противниците.