Ercan Doğan,Süha Gür
25 Април 2018•Ажурирај: 26 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Одборот на Турската фудбалска федерација (ТФФ) донесе одлука, прекинатото истанбулско дерби помеѓу Фенербахче и Бешикташ да продолжи без навивачи од моментот во кој е прекинат поради навивачките нереди, јавува Anadolu Agency (AA).
По двочасовниот состанок, ТФФ одлучи да го продолжи полуфиналниот натпревар од Турскиот куп, кој на 19 април беше прекинат во 57. минута.
„Одлуката беше донесена едногласно и во согласност со регулативите на ТФФ“, се вели во соопштението.
Продолжувањето на истанбулското дерби е најавено за 3 мај.
По резултатот од 2 : 2 во првиот натпревар на паркот „Водафон“, Фенербахче минатиот четврток во вториот натпревар го угости Бешикташ на стадионот „Шукри Сарачоглу“.
По нередите до кои дојде, Натпреварот беше прекинат во 57. минута, при резултат од 0 : 0.
Судијата Мете Калкаван одлучи да го прекине натпреварот откако навивачите на Фенербахче со тврд предмет во глава го погодија тренерот на Бешикташ, Шенол Ѓунеш.
Ѓунеш доби повреда на главата, поради што во соблекувалната му беа направени пет шевови на главата. Тренерот на Бешикташ беше префрлен во болница каде што ја помина ноќта.