23 Јуни 2019•Ажурирај: 24 Јуни 2019
ЛОНДОН (АА) - Поранешниот напаѓач на Челзи, Дидиер Дрогба, на социјалните мрежи откри дека Франк Лампард е близу до враќањето во лондонскиот клуб, овој пат во улога на тренер, пренесува Anadolu Agency (AA).
Дрогба, кој во почетокот на месецот во Лондон е виден со својот поранешен соиграч, потврди дека преговорите се во тек.
Тој на социјалната мрежа Инстаграм на своите следбеници им откри дека Франк Лампард е „оној кој е во разговори за преземање на тренерската работа“.
Од фудбалскиот клуб Дерби, на чија клупа моментално се наоѓа Лампард, истакнуваат дека од Челзи сѐ уште не пристигнала понуда за Лампард.
Поранешниот капитен на Дерби и амбасадор на клубот, Мајкл Џонсон, побара управата на Челзи да биде фер кога е во прашање понудата.
„Ако испратите понуда, само пратете ја, бидете отворени и транспарентни по тоа прашање“, изјави Џонсон.
Челзи е во потрага по нов тренер откако фудбалскиот експерт Маурицио Сари го напушти клубот и стана нов шеф на стручниот штаб на торинскиот Јувентус.