Doga Kirmizioglu
21 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Шпанскиот фудбалер, Фернандо Торес, стави крај на својата професионална фудбалска кариера и отиде во пензија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Tорес го потврди тоа во објава на Твитер.
„Имам важно соопштение. По 18 години, што поминаа полни со возбуда, дојде време да ставам точка на мојата фудбалска кариера“, напиша Tорес.
Тој нагласи дека во недела ќе одржи прес-конференција во јапонскиот главен град, Токио, каде што ќе ја информира јавноста за причините за оваа одлука.
Tорес во текот на неговата фудбалска кариера играше за истакнати европски клубови, како Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челзи и Милан.
Триесет и петгодишниот шпански стрелец минатата година беше трансфериран во јапонскиот фудбалски клуб, Саган Тосу.
Tорес со дресот на шпанската репрезентација одигра 110 натпревари и постигна 38 погодоци.
Тој во неговата кариера стана 2 пати шампион во европско првенство, и еднаш во светско првенство, а во неговата клупска кариера стана еднаш шампион во Лигата на шампионите и два пати во Лига Европа.
Шпанскиот фудбалер во неговата клупска кариера одигра 706 натпревари и постигна 252 погодоци.