Hilmi Sever
15 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот фудбалски ас и капитен на Фенербахче Емре Белезоглу соопшти дека ја заврши професионалната фудбалска кариера, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во детството имав еден сон - да станам фудбалер. Немав други сништа. Велат дека сништата треба да ги следи голем труд, а мене Бог ми даде и повеќе од она за што сонував", напиша Белезоглу во писмото кое го испрати на АА.
Тој им се заблагодари на сите соиграчи, раководствата и навивачите на клубовите во кои настапуваше во текот на богатата кариера во која носеше дресови на Зејтинбурнуспор, Галатасарај, Интер, Њукасл јунајтед, Атлетико Мадрид и Башакшехир.
Посебно му се заблагодари на Фенербахче во кој стекна и најголема популарност.
„Знам дека ме разбираат сите кои животите ги посветител на фудбалот. Ова е тешка одлука, но секое простување е можност за нова средба и почеток. Ќе продолжам, на начин и во мека во која Господ тоа ќе ми го одреди, ќе придонесувам за фудбалот за кој искрено се врзав", напиша Белезоглу кој наредниот месец ќе го прослави 40 роденден.