Yunus Kaymaz
14 Јули 2022•Ажурирај: 18 Јули 2022
БАРСЕЛОНА (АА) - Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле (25), го продолжи договорот со каталонскиот тим до 2024 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Францускиот репрезентативец кому летово му истече договорот, ја продолжи соработката до крајот на сезоната 2023/24.
Според наводите, фудбалерот се согласил на намалување на платата за да потпише нов договор со Каталонците.
Французинот дојде во Барселона во 2017 година во тогаш рекорден трансфер од Борусија Дортмунд од околу 140 милиони евра.
За Барселона има 150 настапи на кои постигна 32 гола и 34 пати асистираше.