Alma Çekovic
15 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
ЛОНДОН (АА) - Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, ќе биде назначен за нов селектор на Велс, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува BBC (Би-би-си), Фудбалскиот сојуз на Велс денес на прес-конференција ќе го претстави Гигс како нов селектор.
Гигс ќе потпише четиригодишен договор, а на клупата на Велс ќе го наследи Крис Колеман, кој минатата година по неуспехот во квалификациите за Светското првенство во Русија поднесе оставка, а подоцна го презеде Сандерленд.
Меѓу кандидатите за селектори беа и Крег Белами, Осиан Робертс и Марк Боуен.
Фудбалскиот сојуз на Велс (FAW) сакаше да го назначи наследникот на Крис Колеман пред 24 јануари, кога ќе се одржи ждрепката за Лигата на нациите, ново натпреварување на Европската фудбалска федерација (УЕФА).
Гигс е поранешен играч на Манчестер Јунајтед кој во дресот на Велс одигра 64 натпревари и постигна 12 гола. Својата кариера како фудбалер ја заврши во 2014 година. Во својата биографија како тренер забележал дека во 2014 година го водел Манчестер Јунајтед во четири натпревари. Тој беше асистент во стручниот штаб на „црвените ѓаволи“ од 2013 година, кога беше именуван за играч-тренер сѐ до јули 2016 година и доаѓањето на Жозе Мурињо на местото менаџер.