Hasan Esen
17 Септември 2021•Ажурирај: 20 Септември 2021
ЛОНДОН (АА) - Во некои градови во Велс, дел од Обединетото Кралство, на билборди се закачени слики против монархијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на групата „Република“, која стои зад кампањата, се вели дека сликите „ќе предизвикаат јавна дебата за монархијата и за начинот на кој со неа се управува“.
„Монархијата е погрешна во принцип, погрешна во практиката и лоша за британската политика“, истакнаа од групата. Членовите на групата собраа повеќе од 25.000 фунти за кампањата.
На еден од билбордите, на кој стои фотографија на принцот Чарлс, пишува: „На Велс не му треба принц“.
На друга фотографија од принцот Ендрју, кој беше обвинет за сексуален напад врз малолетник во САД, беше напишано: „Никој не смее да биде над законот“.
Но, Ендрју Дејвис, лидерот на Велшката конзервативна партија, тврди дека кампањата не го одразува велшкото јавно мислење.
На веб-страницата на групата, која повикува на укинување на монархијата, се наведува дека „една јавна функција која продолжува континуирано, е спротивна на секој демократски принцип“.