Kristina Maslareviç
16 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
БЕЛГРАД (AA) - Принцот Чарлс и војвотката од Корнвол Камила, на почетокот на дводневната посета во Србија се сретнаа со претседателот Томислав Николиќ и неговата сопруга Драгица, јавува Anadolu Agency.
За време на состанокот, Николиќ ќе му подари на принцот Чарлс збирка од делата на Вилјем Шекспир, кирилично издание, на библиски папир, со додаток на делата на Шекспир кои до сега не биле објавени на српски јазик и фотомонографија на англиски јазик "Христијанско наследство на Косово и Метохија" .
Меѓу подароците е и уметничката рачна изработка-дрворез, на уметничката Марија Јовановиќ, на која се прикажани мотивите на манастирот Хиландра, додека на војвотката ќе и биде врачено одгледало со рамка во дрворез, со мотивите на пиротски ќилим.
По состанокот, принцот Чарлс заедно со Николиќ ќе положат венец кај Споменик-криптата на бранителите на Белград, на Нови гробишта, а потоа ќе присуствуваат на церемонијата на Војните гробишта на "Commonwealth", по што ќе го посетат калето Калемегдан.
Претходно, принцот Чарлс и неговата сопруга на аеродромот "Никола Тесла" ги дочека премиерот на Србија Александар Вучиќ како и претседателката на Народното собрание на Србија Маја Гојковиќ.
Вториот ден на посетата на Србија, британската двојка ќе престојува во Нови Сад.
Чарлс и Камила со посетата на Хрватска во понеделник ја започнаа балканската турнеја во текот на која ќе го посетат и Косово и Црна Гора.