Hüseyin Burak Demirer
22 Јануари 2019•Ажурирај: 23 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Клубот од шпанската Прва фудбалска Ла лига, Барселона, го позајми стрелецот на италијанскиот клуб Сасуоло, Кевин-Принц Боатенг, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на овој клуб, 31-годишниот репрезентативец на Гана, Боатенг, до крајот на сезоната „на заем“ ќе игра за шпанскиот клуб Барселона, со опција да биде трансфериран за 8 милиони долари.
Боатенг претходно ги носеше дресовите на Херта Берлин, Тотенхем, Борусиа Дортмунд, Портсмут, Џенова, Милан, Шалке 04, Лас Палмас и Ајнтрахт Франкфурт.