спорт

Барселона го обнови договорот со Ансу Фати, со клаузула за обештетување од 1 милијарда евра

Фати, роден во африканската земја Гвинеја-Бисао и има шпанско државјанство, веќе три сезони игра во Барселона, клуб во кој ја започна својата фудбалска кариера

Şenhan Bolelli  | 21.10.2021 - Обновена : 22.10.2021
Барселона го обнови договорот со Ансу Фати, со клаузула за обештетување од 1 милијарда евра

МАДРИД (АА) - Шпанскиот фудбалски клуб Барселона соопшти дека го продолжува договорот со 18-годишниот фудбалер Ансу Фати до 2027 година, додавајќи дека во договорот е вклучена клаузула, во случај на трансфер, обештетувањето да изнесува 1 милијарда евра, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението што го објави фудбалскиот клуб Барселона се наведува дека договорот со Ансу Фати е обновен за уште пет години, со важност до 30 јуни 2027 година, и дека во него е додадена клаузула за бонсервис од 1 милијарда евра како надоместок во случај на барање за еднострано ослободување од договорот.

Фати, кој е роден во африканската земја Гвинеја-Бисао и има шпанско државјанство, веќе три сезони игра во Барселона, клуб во кој ја започна својата фудбалска кариера.

Ансу Фати дебитираше во дресот на Барселона во 2019 година на 16-годишна возраст, играше и за шпанската репрезентација, и се смета за еден од најперспективните играчи на шпанскиот фудбал.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.