Bakir Tiro
23 Мај 2024•Ажурирај: 26 Мај 2024
ДАБЛИН (АА)
Италијанскиот фудбалски клуб Аталанта е новиот шампион на УЕФА Лига Европа, известува Анадолу.
Во финалниот натпревар што се одигра синоќа во Даблин, главниот град на Република Ирска, фудбалерите на Аталанта го совладаа Баер Леверкузен со резултат 3:0.
Јунак на натпреварот беше Адемола Лукман, кој постигна хек-трик во триумфот на Аталанта. Италијанскиот клуб триумфираше во Лига Еропа, иако ова беше негово деби во едно финале на УЕФА-натпреварувањата.
Аталанта беше подобар противник во текот на целиот натпревар. До водство од 1:0 дојде со погодокот на Лукман во 12. минута, на асистенција на Давиде Ѕапакоста.
Веќе во 26. минута Лукман со прецизен удар од 16 метри го постигна својот втор гол за водство на Аталанта од 2:0.
Својата супериорност на теренот, Аталанта ја потврди со третиот погодок на Лукман во 75. минута од средбата. Феноменалниот репрезентативец на Нигерија, од левата страна силно шутираше кон голот на Матеј Ковар за водство и победа на Аталанта од 3:0.