Mutlu Demirtaştan
01 Јуни 2024•Ажурирај: 02 Јуни 2024
ИСТАНБУЛ (АА)
Шампионот за сезоната 2023-2024 во УЕФА Лигата на шампионите ќе биде познат вечерва по одигрувањето на финалето меѓу германскиот претставник Борусија Дортмунд и шпанскиот тим Реал Мадрид, известува Анадолу.
Финалниот натпревар на најважниот турнир на европскиот фудбал на клупско ниво ќе започне вечерва во 21.00 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Натпреварот ќе го суди Словенецот Славко Винчиќ. Помошници на Винчиќ ќе бидат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ од истата земја. Французинот Франсоа Летексие ќе биде четврти судија на натпреварот, додека Словенците Нејц Кајтазовиќ и Раде Обреновиќ и Италијанецот Масимилијано Ирати ќе бидат видео-асистент судии (ВАР).

- Реал Мадрид ја посакува 15-та, Борусија Дортмунд својата втората титула
Во финалето на „Лигата на великаните“, Реал Мадрид цели кон својата 15-та, а Борусија Дортмунд кон втората шампионска титула.
Реал Мадрид во досегашните 17 настапи во финалето на Лигата на шампиони, 14 пати успеа да ја освои шампионската титула и тоа во 1956, 1957, 1958, 1959, 1960, 1966, 1998, 2000, 2002, 2014, 2016, 2017, 2018 и 2022 година.
Борусија Дортмунд својата единствена титула на шампион во Лигата на шампиони ја освои во 1997 година, додека во 2013 година во финалето загуби од Баерн Минхен на истиот стадион „Вембли“, на кој и оваа година се игра финалето на УЕФА Лигата на шампиони.
- Реал и Дортмунд ќе се сретнат по 15-ти пат
Борусија Дортмунд и Реал Мадрид по 15-ти пат ќе се соочат во еден натпревар на европските купови.
Сите 14 дуели Реал и Дортмунд ги одиграа во УЕФА Лигата на шампиони.
Во досега одиграните натпревари Реал Мадрид победи 6 пати, Борусија Дортмунд извојува 3 победи, а 5 средби завршија без победник.
На овие натпревари Реал Мадрид постигна 24 погодоци, а Борусија Дортмунд постигна 19 погодоци.
- Настап и на турски фудбалери
По финалниот натпревар, пехарот на Лигата на шампионите ќе биде подигнат во воздух и од рацете на еден турски фудбалер.
Арда Ѓулер од редовите на Реал Мадрид и Салих Озџан кој настапува за Борусија Дортмунд, ќе играат доколку добијат таква можност и ќе се борат за првата шампионска титула во Лигата на великаните во својата кариера.
Свој придонес за освојување на шампионската титула од страна на Борусија Дортмунд ќе даде и Емре Џан, репрезентативецот на Германија од турско потекло.
- Можните 11-мина од двата тима кои би истрчале на теренот во финалето
На интернет-страницата на УЕФА се објавени имињата на можните 11-мина играчи од двата тима кои би настапиле во финалето на УЕФА Лигата на шампиони. Тоа се:
Борусија Дортмунд:
Грегор Кобел, Џулијан Рајерсон, Матс Хумелс, Нико Шлотербек, Јан Матсен, Емре Џан, Марсел Сабицер, Карим Адејеми, Џулијан Брант, Џејдон Санчо, Никлас Фулкруг.
Реал Мадрид:
Тибо Куртоа, Дани Карвахал, Начо, Антонио Ридигер, Ферлан Менди, Федерико Валверде, Тони Крос, Едуардо Камавинга, Џуд Белингем, Родриго, Винисиус Жуниор.