спорт

Австралија Опен: Осака и Раониќ во четвртфинале

- Јапонската тенисерка со победата над Севастова се избори за четвртфинале на Австралија Опен, а меѓу осумте најдобри тенисери во машка конкуренција влезе и Раониќ, кој полесно од очекуваното го совлада Александар Зверев

Mutlu Demirtaştan  | 21.01.2019 - Обновена : 21.01.2019
Австралија Опен: Осака и Раониќ во четвртфинале

Melburn

МЕЛБУРН (АА) - Наоми Осака и Милош Раониќ изборија пласман во четвртфиналето на Австралија Опен, првиот Гренд слем турнир сезонава, јавува Anadolu Agency (AA).

Осмиот ден од Австралија Опен започна со мечот меѓу Јапонката Наоми Осака и Анастасија Севастова. Јапонката извојува победа од 2 : 1 во сетови (4 : 6, 6 : 3 и 6 : 4) и се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен.

Пласман во четвртфиналето избори и шестата носителка на турнирот, Украинката Елина Свитолина, која со резултат 2 : 1 (6 : 2, 1 : 6 и 6 : 1) беше подобра од Американката Медисон Кис.

Осака и Свиролина се четврфиналниот пар на Австралија Опен.

Чехинката Каролина Плискова, многу полесно од очекуваното со 2 : 0 во сетови (6 : 3 и 6 : 1) ја елиминираше Шпанката Гарбиње Мугуруса.

Во машка конкуренција Милош Раониќ со резултат 3 : 0 во сетови (6 : 1, 6 : 1 и 7 : 6) беше подобар од Александар Зверев.

Иако Раониќ, кој е 16. носител на турнирот, многу полесно од очекуваното го совлада Зверев, кој беше 4. носител на Австралија Опен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.