Fatih Erel
21 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Тенисерката број еден на ВТА-листата, Симона Халеп, денес беше елиминирана од Серена Вилијамс во четвртата рунда на Австралијан Опен 2019, пренесува Anadolu Agency (AA).
16. носителка Вилијамс ја порази 27-годишната Романка Халеп со 2:1, во три сета од 6:1, 4:6 и 6:4, и премина во четвртфиналето.
„Јас сум голем борец. Никогаш не се предавам“, изјави 37-годишната американска тенисерка по мечот.
Четвртфинални мечеви:
Каролина Плишкова против Серена Вилијамс
Наоми Осака против Елина Свитолина
Петра Квитова против Ешли Барти
Даниел Колинс против Анастасија Павличенкова