Fatih Erel
21 Јануари 2019•Ажурирај: 21 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Ливерпул во Премиер лигата, Барселона во Ла Лига, Јувентус во Серијата А, Борусија Дортмунд во Бундеслигата и Париз Сен Жермен (ПСЖ) во Лига 1 продолжуваат да бидат на врвот на табелите во своите лиги во Европа, пишува Anadolu Agency (AA).
Во англиската Премиер лига, Ливерпул го победи Кристал Палас со 4:3 и постигна 60 бода, пред Манчестер Сити кој на табелата е со 56 бода.
Манчестер Сити го победи Хадерсфилд Таун со резултат 3:0, додека Фулам загуби од Тотенхем со 2:1. Манчестер Јунајтед го победи Брајтон и Хоув Албион со 2:1, додека Арсенал извојува победа против Челзи со резултат од 2:0.
Оле Гунар Солскјаер стана првиот тренер на Манчестер Јунајтед кој ги има освоено првите шест натпревари во лигата.
Во шпанската фудбалска Ла Лига, Барселона го порази Леганес со 3:1 и победи на седум натпревари по ред и остана на врвот на табелата со 46 бода.
Реал Мадрид ја победи Севиља со 2:0, додека Атлетико Мадрид го порази Хуеска со 3:0.
По лидерот, Барселона, на табелата е Атлетико Мадрид со 41 бод. Реал Мадрид има 36 бода, а Севиља 33.
Во италијанската Серија А, Наполи го победи Лацио со резултат од 2: 1, додека Рома го совлада Торино со 3:2.
Лидерот Јувентус денес ќе игра против Киево Верона на домашен терен.
Јувентус е на врвот на табелата со 53 бода.
Во германската Бундеслига, лидерот Борусија Дортмунд го победи Лајпциг и постигна 45 бода, додека шампионот Баерн Минхен го порази Хофенхајм со резултат од 3:1 победувајќи во шест меча по ред и со 6 бода е на врвот од табелата во Бундеслигата.
Во француската Лига 1, лидерот на табелата, ПСЖ, го победи Генгам со резултат 9:0, со хет-трикот на Килиан Мбапе и Единсон Кавани со што остана на врвот на табелата со 53 бода.