свет

Џамијата Фајсал, една од најголемите џамии во светот

Џамијата се простира на површина од 5.000 квадратни метри и има капацитет за околу 300.000 верници

17.03.2024 - Обновена : 19.03.2024
Џамијата Фајсал, една од најголемите џамии во светот

ИСЛАМАБАД (АА) - Џамијата Фајсал, која се наоѓа во Исламабад, главниот град на Пакистан, чија изградба започна во 1976 година и траеше десет години, е една од најголемите џамии во светот, пишува Анадолу.

Џамијата Фајсал е најголемата џамија во Пакистан и Јужна Азија и една од најголемите во светот.

Планирана е да биде национална џамија во Пакистан. Се простира на површина од 5.000 квадратни метри и има капацитет за околу 300.000 верници, 100.000 во главната молитвена просторија, дворот и тремовите, и уште 200.000 во дополнителните простори.

Џамијата Фајсал има трет најголем капацитет за сместување на верници по Месџид ал-Харем во Мека и Пратениковата џамија во Медина.

Џамијата Фајсал е дело на познатиот турски архитект, Ведат Далокај, кој со овој проект ја освои наградата за архитектура „Ага Кан“.

Џамијата има релативно необичен дизајн кој е синтеза на модерното и традиционалното. Секое од четирите минариња на џамијата е високо 80 метри, и тоа се највисоките минариња во Јужна Азија. Џамијата Фајсал е именувана по саудискиот крал Фајсал бин Абдул Азиз, кој го поддржа и го финансираше проектот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın