Tolga Yanık
21 Август 2019•Ажурирај: 22 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Алгоритмот поддржан од вештачка интелигенција, развиен од Јутуб за отстранување видеа што ги прекршуваат правилата, по грешка од системот отстрани стотици споделени видеа со содржина на „роботски војни“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информацијата на веб-страницата за вести за технологија „The Verge“, најголемата веб-страница за видеа, Јутуб, од системот отстранила содржини со војна на роботи со образложение дека ги прекршиле правилата.
Во пораката испратена до сопствениците на избришаните видеа, Јутуб посочи дека видеата се отстранети поради „борба со животни“ и „измачување животни“.
- Избришаните видеа ќе бидат објавени повторно -
Во соопштението на Јутуб за избришаните видеа испратено до страницата „The Verge“ се истакнува дека видеата се избришани по грешка и дека Јутуб нема политика за бришење видеа со содржина на роботски војни.
Во изјавата, исто така, се наведува дека видеата со „роботски војни“ повторно ќе бидат објавени. Според соопштението од Јутуб, видеата се избришани бидејќи корисниците ги споделиле со наслови што содржат имиња на животни. Но, според експертите, избришани се и видеа кои не содржат имиња на животни.
Експертите, исто така, тврдат дека системите за вештачка интелигенција развиени од разни дигитални платформи, вклучително и Јутуб, даваат погрешни резултати, а тоа пак, негативно влијае врз довербата на општеството во овие системи.