спорт

Новата ера на YouTube-каналите на спортските клубови

Предвидувајќи го трендот, британските и шпанските клубови формираа свои телевизиски канали во 1990-тите, потег кој го следеа и италијанските, германските и турските тимови

Fatih Erel  | 20.02.2019 - Обновена : 20.02.2019
Новата ера на YouTube-каналите на спортските клубови

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Заобиколувајќи ја традиционалната телевизија, врвните европски спортски клубови сè повеќе се приближуваат до своите фанови преку YouTube-каналите, пишува Anadolu Agency (AA).

Предвидувајќи го трендот, британските и шпанските клубови формираа свои телевизиски канали во 1990-тите, потег кој го следеа и италијанските, германските и турските тимови.

Во Англија, Мидлзборо доби свој канал во 1997 година, по кој следуваше Манчестер Јунајтед, во 1998, Ливерпул во 2007 и Арсенал во 2008 година.

Во ерата на брзи веб-видеа, каналите се префрлија на YouTube, што доведе до нова ера и нов начин спортските клубови да стигнат до своите навивачи насекаде низ светот, 24 часа на ден.

Арсенал и Мидлзборо ги затворија своите традиционални телевизиски канали и се присутни исклучиво преку YouTube.

Најмалку 10 европски клубови имаат над еден милион претплатници на YouTube.

Барселона е на врвот на листата со 6 милиони претплатници, по кој следува нивниот шпански ривал Реал Мадрид со 4,3 милиони претплатници.

Пет британски клубови се меѓу првите 10 клубови со над еден милион YouTube-претплатници. Во Англија, Ливерпул има најмногу претплатници, 1,9 милиони, потоа следува Манчестер Сити со 1,6 милиони, Манчестер Јунајтед со 1,5 милиони, Арсенал со 1,2 милиони и Челзи со 1,1 милион претплатници.

Фенербахче беше првиот турски клуб кој во 2004 година формираше посветен телевизиски канал, по него Бешикташ во 2005 година, Галатасарај во 2006 година и Бурсаспор во 2009 година.

На интернет, Фенербахче исто така е на врвот на листата со 709.000 претплатници на нивниот YouTube-канал, потоа следува Галатасарај со 658.000, Бешикташ со 271.000 и Трабзонспор со 112.000 претплатници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın