Gamze Türkoğlu Oğuz
16 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Популарната мрежа за објавување видеозаписи „Јутуб“ (YouTube) ги забрани клиповите кои содржат опасни или емотивно вознемирувачки шеги, пренесува Anadolu Agency (AA).
Потегот е преземен како одговор на таканаречените „предизвици“ кои понекогаш имаат и смртен исход или повреди.
Веб-страницата, чиј сопственик е „Гугл“ (Google), вели дека за такви материјали нема место на „Јутуб“.
Во Одделот за прашања и одговори е наведено дека секогаш имале политика за да бидат сигурни дека она што е смешно не ги преминува границите и не станува опасно или штетно.
Во соопштението на компанијата се наведува дека „Јутуб“ нема да дозволи шеги кои можат да доведат до сериозни физички повреди.
Исто така, нема да бидат дозволени ниту шегите кои можат да предизвикаат сериозна емоционална вознемиреност кај децата.
„Јутуб“ честопати е цел на критиките дека не успева да ги применува моменталните одредби што се однесуваат на штетните содржини.