свет

Јужна Кореја: До 2067 година половина од популацијата ќе биде над 65-годишна возраст

Во 2067 година, населението во земјата, кое сега брои 51,7 милиони, се очекува да падне на 39 милиони, додека постарата популација, која сега е 14,9 отсто, се очекува да достигне 46,5 отсто

Emre Aytekin  | 02.09.2019 - Обновена : 03.09.2019
Јужна Кореја: До 2067 година половина од популацијата ќе биде над 65-годишна возраст

АНКАРА (АА) – Во Јужна Кореја до 2067 година се проценува дека половина од популацијата ќе биде над 65-годишна возраст, пренесува Anadolu Agency (AA).

Јужнокорејскиот институт за статистика соопшти дека во 2067 година учеството на луѓето на возраст од 65 години и повеќе во вкупното население се очекува да достигне до 46,5 отсто, истакнува јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.

Во 2067 година, населението во земјата, кое сега брои 51,7 милиони, се очекува да падне на 39 милиони, додека постарата популација, која сега е 14,9 отсто, се очекува да достигне 46,5 отсто.

Од друга страна, се проценува дека денешните 72,7 отсто население на возраст меѓу 15-64 години, кое е работоспособно, се очекува да се намали на 45,4 отсто во 2067 година.

- Земја со најголем процент на старо население -

Доколку продолжи ваквиот тренд, Јужна Кореја, четврта по големина економија на Азија, ќе биде земја со најголем број стари лица до 2067 година, од 201 земја во светот.

Во истиот период, стапката на старо население се проценува дека во САД ќе изнесува 25,1 отсто, во Кина 29,9 отсто, а во Јапонија 38,1 отсто.

Земјите каде што процентот на население над 65 години го надминува прагот од 21 отсто од вкупната популација се сметаат за „супер стари“ земји.

Според податоците на Фондот за население на Обединетите нации, светската популација, која денес е 7,71 милијарди, во 2067 година ќе достигне до 10,38 милијарди. Исто така се предвидува дека стапката на население од 65 години и повеќе, која денес е 9,1 отсто, ќе се искачи на 18,6 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın