Emel Öz Gözellik
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
АНКАРА
Во градот Таиџи, во Јапонија, започна годишниот традиционален лов на делфини, кој предизвикува контроверзии, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста во „Би-би-си“ (BBC), ловот на делфините, што започна вчера, уште еднаш предизвика несогласување помеѓу еколозите и рибарите.
„Рибарските чамци се вратиле без да уловат делфини“, пишуваат домашните медиуми.
Од друга страна, еколошката група „Делфин проект“ (The Dolphin Project) соопшти дека денес се уловени или убиени пет делфини.
Во текот на сезоната на лов, која се очекува да трае околу 6 месеци, се очекува да бидат фатени најмалку 1.700 делфини.
Традиционалниот лов во 2009 година го привлече вниманието со документарниот филм, оскаровецот „The Cove (Залив)“. Во филмот се прикажуваше традиционалниот лов на делфини со харпуни во градот Таиџи.
Јапонските рибари тврдат дека ловот на делфини е дел од нивната култура и дека Западот е лицемерен во критиките, бидејќи и тие консумираат друг вид месо. Од друга страна, јапонските екологисти ги критикуваат рибарите за злоупотреба на јапонската култура за свои интереси.
И покрај меѓународните реакции, на 1 јули повторно започна ловот на китови.
Во годинешната ловна сезона во водите на Јапонија на рибарите им беше дадена дозвола да уловат вкупно 227 китови.