Davit Kachkachishvili
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
ТБИЛИСИ (АА) - Грузискиот премиер, Мамука Бахтадзе, соопшти дека поднел оставка бидејќи „ги исполнил своите должности“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Бахтадзе, во својата изјава пренесена преку социјалните медиуми, потсетувајќи дека на функцијата премиер во Грузија дошол во 2018 година, рече дека денес поднесува оставка.
Наведувајќи дека придонел во формирањето на стратешкиот план за развој на Грузија, Бахтадзе рече: „Се формираше и се спроведе стратешката рамка на развој и затоа решив да си дадам оставка од мојата позиција, бидејќи верувам дека ја исполнив својата должност.“
Бахтадзе истакна дека процесот на интеграција на Грузија во НАТО и Европската Унија (ЕУ) продолжува и дека е постигнат значителен напредок во односите со соседните земји.
Премиерот Бахтадзе ја извршува функцијата премиер на Грузија од 20 јуни 2018 година.
Според Уставот, ако премиерот си даде оставка, паѓа и Владата.
Владејачката партија Грузиски сон во рок од 7 дена треба да поднесе предлог за кандидат за нов премиер и листа на министри, а Парламентот во рок од 2 недели треба да гласа за новиот предлог.
Бахтадзе е четвртиот премиер што дал оставка од 2012 година наваму.