Mohamad Misto,Adham Kako
02 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
ДЕИР ЕЗ-ЗОР/АНКАРА (AA) - МУХАМЕД МИСТО/АДХАМ КАКО - Терористичката организација ЈПГ/ПКК и режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад склучија договор за размена на сировата нафта која ЈПГ ја црпи од нафтеното поле Ал-Омер, во градот Диер ез-Зор, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинар на АА од доверливи извори во Деир ез-Зор, терористите на ЈПГ/ПКК сировата нафта од нафтеното поле Ал-Омер ќе ја разменуваат со режимот на Асад, а за возврат ќе добијат масло за горење.
Според договорот, ЈПГ/ПКК за испорачаните 100 барели сирова нафта од Асад ќе добива 75 барели преработено гориво.
Терористите на ПКК на 9 септеври 2017 година со поддршка на Соединетите Американски Држави започнаа операција на заземање на градот Деир ез-Зор, кој лежи на бреговите на реката Еуфрат на североистокот на Сирија.
Во половината на месец октомври терористите го заземаа нафтеното поле Ал-Омар кое лежи на источкиот брег на обалата на Еуфрат и кое се простира по пустината кон сириско-ирачката граница.
Нафтеното поле Ал-Омер е најбогато со нафта на подрачјето на целата земја, со капацитет од 15.000 барели на дневно ниво.
Терористичката организација која ја поддржуваат САД, во Сирија моментално под окупација држи 70 отсто од нафтните полиња.
Најголемите нафтени полиња во Сирија се сместени источно од реката Еуфрат, која тече низ Деир ез-Зор.