Vesna Besiç
02 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
АМСТЕРДАМ (AA) - Десетици граѓани присуствуваа на собирот организиран во Амстердам во знак на поддршка на Палестинците во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Се возеа со чамци во каналите кои го пресекуваат стариод дел на градот. Истакнаа и транспаренти на кои пишуваше: „Поддршка за слобода", „Израел, запри ја окупацијата". Во рацете носеа палестински знамиња.
Палестинците од крајот на март одржуваат масовни демонстрации под називот „Големиот марш за враќање" на границата на Појасот Газа и Израел.
Најмалку 119 Палестинци од Појасот Газа загинаа, а речиси 13.000 беа повредени од 30 март, кога израелските сили отворија оган врз демонстрантите кои го одбележуваа „Денот на земјата", кој е симбол на отпорот кон израелската окупација.
Протестите кулминираа на 15 мај, кога се одбележуваше 70-годишнината од Накба или Денот на катастрофата што го симболизира страдањето и прогонот на палестинскиот народ од основањето на државата Израел на палестинска територија.
Израелските безбедносни сили со употреба на сила и огнено оружје се обидоа да ги спречат протестите кои продолжија наредните денови.
Во осудувањето на светот, меѓу другото, се наведува дека е неприфатливо прекумерна сила во случај на мирен протест што Палестинците го организираа на 70-годишнината од Накба, односно масовно протерување на тој народ.