Ekip
02 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
БЕРЛИН (АА) - Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, изјави дека воената алијанса нема да застана во одбрана на Израел, ако го нападне големиот непријател на Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг во сабота за списанието „Дер Шпигел" (Der Spiegel) изјави дека Израел e партнер, a не е член, и дека „гаранција за безбедност" на НАТО не се однесува на таа земја.
Тој истакна дека НАТО не е вклучен во мировните напори на Средниот Исток или во конфликтите во тој регион.
Столтенберг зборуваше во време на зголемените тензии меѓу Израел и Иран. Израелскиот премиер Бењамин Нетанјаху неодамна ги интензивираше критиките кон договорот меѓу светските сили и Иран, кој донесе олеснување на санкциите на Техеран во замена за намалување на неговата нуклеарна програма. САД минатиот месец се повлекоа од договорот.
Израел и Иран исто така се судрија поради иранското воено присуство во Сирија.