свет

ЈПГ/ПКК ги ослободува терористите на ДЕАШ во северниот дел на Сирија

Терористичката организација ЈПГ/ПКК ослободи околу 290 заробеници, вклучувајќи голем број терористи на ДЕАШ и нивните семејства, од камп во североисточна Сирија, велат локални извори,

Zehra Nur Düz  | 19.10.2020 - Обновена : 20.10.2020
ЈПГ/ПКК ги ослободува терористите на ДЕАШ во северниот дел на Сирија

ХАСЕКА (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК ослободи околу 290 заробеници, вклучувајќи голем број терористи на ДЕАШ и нивните семејства, од камп во североисточна Сирија, велат локални извори, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според изворите, околу 70 семејства се ослободени од кампот во градот Ал Хол, откако некои арапски племиња платија кауција за терористите.

Терористите на ЈПГ/ПКК претходно ослободија стотици членови на ДЕАШ од камповите во регионот. Минатата недела, терористичката организација објави дека ослободила околу 631 терорист.

ЈПГ/ПКК го изгради кампот во април 2017 во градот Ал Хол за да ги задржи граѓаните кои побегнаа од судирите со ДЕАШ во Деир ез Зор, како и некои членови на ДЕАШ и нивните семејства.

Цивилите што се задржани од терористичката организација живеат во нехумани услови во кампот.

Обединетите нации и невладините организации предупредија дека хуманитарната ситуација во кампот се влошува од ден на ден, барајќи пристап до центрите каде што се задржани милитантите на ДЕАШ.

Според официјален претставник на ОН, кампот беше првично изграден за да вдоми 10.000 внатрешно раселени лица, но над 73.000 лица останаа заробени.

Големо мнозинство од лицата во кампот се жени и деца на возраст под 12 години.

Во кампот „Ал Хол“ се наоѓаат илјадници странски терористички борци од околу 50 земји, како и голем број сириски и ирачки терористи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın